Обидот на македонското малцинство во Бугарија да отворат свој клуб најверојатно ќе остане за некои подобри времиња кога на исток ќе дуваат демократски ветрови.
Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет наведувајќи дека тоа е провокација.
Провокација е најчестиот збор кој го користат бугарските власти. Но, за нив овој збор има само еднострано значење. Односно, непризнаеното македонско малцинство провоцира кога сака да има свое здруженија или клуб, но 3500 Бугари во Македонија мораат да имаат свои фондации или здруженија именувани по контроверзни личности.
Чудни некои стандарди. Но, да не се лажеме не се работи за некакви стандари туку на Бугарија едноставно и се може. Властите во Софија, без разлика дали се „Бојковци“ или „Радевци“ едноставно имаат за цел да го уништат македонското ткиво. А тоа го прават совршено, се разбира со замижување или одобрување на моменталната власт во Скопје.
Дека на Бугарија и се може потврдува и рекацијата на ЕУ која замислете не го осуди отворањето на „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис трети“ туку го осудија кршњето на таблата.
Затоа, треба да сме начисто дека овие провокации се со амин од Брисел. Измените на Законот за здруженија и фондации за кои се сложија и власта и опозицијата се добри и се за поздравување. Но, малку е веројатно да се очекува дека како што предвидуваат измените, основачите на „Ванчо и Борис“ ќе го изменат статутот или пак не дај боже да ги променат имињата.
А тоа ќе биде повод за нови закани од Софија кои ќе бидат гласно поддржани од EУ. Чеканот со кој Бугарија мава по Македонија се вика почеток на преговори, а на власта во Скопје само тоа и важно.Па дури и ако цената за тоа е веење на знамиња со ликови од фашистичкото минато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.