Двајца мажи и две жени се приведени од полицијата во Благоевград во врска со вандалскиот чин врз македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“. Како што пишуваат бугарските медиуми, тие го признале делото за кое се обвинети.

Според медиумите, бугарскиот министер за внатрешни работи го информирал својот македонски колега за приведувањето на четворите лица и побарал и властите во Скопје да ја завршат истрагата и да ги приведат напаѓачите на Христијан Пендиков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.