Поминаа три дена и се уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониториран ветинг, потсетуваат од ДУИ.
Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија. јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата.
Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.
На ова од ВМРО-ДПМНЕ им одговорија дека ДУИ сака да ја дестабилизира државата за да не одговараат за криминалот кој го правеле.
-Додека народот се чудеше како да преживее од први до први, Артан Груби договараше подизведувачи по патиштата. ДУИ не работеше за Албанците, ниту за Македонците, ДУИ работеше за една тесна клика која очигледно им ја има киднапирано партијата. ДУИ сега знаат дека треба да одговараат за се што правеле, и затоа стравот е голем. Обидите за дестабилизација се последните крици за спас на една криминална гарнитура и заштита на криминално стекнатите милиони, се наведува во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.