Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека ДУИ веќе предолго се на власт, но само со истите кадри.

„ДУИ има една привилегирана позиција каде што и да не добиваат критика поради повеќе причини“, вели Николоски.

Според него, тие се преценуваат себе, односно кога веќе влегуваат во дијалог со ВМРО-ДПМНЕ треба да се соочат со фактите.

„Факт е дека скоро и да нема човек со кого разговараме, уште помалце луѓе кои се во деловниот свет кој што ни се жалат од институциите каде што има кадри на ДУИ, пред се во делот на корупција… И тоа е јавна тајна“, вели Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.