Поранешниот потпретседател на ДУИ и поранешен градоначалник на Гостивар, кој е дел од групата незадоволни во ДУИ во интервју за ТВ Клан им порача на премиерот Димитар Ковачевски и СДСМ, но и на Алијансата за Албанците дека на оваа партија местото не ѝ е во владата во која главниот збор го има ДУИ.
На прашањето што мисли за евентуален влез на Алијанса за Албанците во Владата, Бејта одговори:
Нека нѐ победат на избори па нека влезат. Но ако сега влезат, таа партија ќе се спои со ДУИ. Всушност, треба да јакнат како опозиција. Во демократија треба да се има и опозиција и власт.
На прашањето дали се плаши од Алијанса за Албанците за позициите на ДУИ во Гостивар откако градоначалникот Арбен Таравари стана и претседател на таа партија, Бејта одговори дека нема зошто да се плаши, оценувајќи дека Алијанса за Албанците е ослабена особено по поразот на изборите во Тетово каде, како што нагласи, доживеа политички дебакл.
Арбен Таравари требаше да си поднесе оставка, како што тоа го стори Зијадин Села. Анкетите покажуваат дека сме многу понапред од Алијансата за Албанците. Тие се слаби во повеќето региони, дури и во Гостивар се на половина од тоа што беа, рече Бејта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.