ДУИ утре организира паралалелна манифестација за Охридскиот договор, а тоа не е ништо чудно затоа што оваа партија отсекогаш имала тенденции да приватизира одредени настани, изјави министерот за здравство од редовите на Вреди, Арбен Таравари, по денешната најава дека партијата на Али Ахмети утре ќе одржи Академија за легитимитет во хотелот „Александар Палас“, а по повод 23-годишнината од Охридскиот мировен договор.

– Сѐ уште не можат да прифатат дека се опозиција, меѓутоа им треба време и ќе се навикнат на тоа. Приватни забави може секој да организира. Ние официјално ги поканивме на утрешниот настан што го организира Владата, добредојдени се. Историските настани никогаш не биле приватна припадност, туку им припаѓаат на сите граѓани кои живеат тука – рече Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.