Според Интегрираниот план кој е усвоен од Владата, треба да има 96 органи на државна управа, а самата Влада утврдила таргет од најмногу 110 органи. Спротивно на тоа, се предлагаат нови закони за формирање нови институции, со што би се приближиле до бројката од 150 институции, изјави дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, во гостувањето на “Click Plus” на ТВ 21.

Дополнително, Андоновски ги коментираше вработувањата во јавниот сектор пред изборите.

Во ЕТУ центарот во Тетово до пред година-две имало 4 вработени, па се објавија огласи за уште 5 и сега има 9 вработени. Потреба за тоа воопшто нема, односно според податоците од системот во март 2024 имале опслужено само 1 клиент, а веќе сме 20 март. За овие едноцифрени услуги државата потрошила илјадници евра на плати, за греење на просторот, за електрична енергија. Неопходна е сериозна реорганизација на системот, истакна Андоновски.

Очигледно е дека распоредот на вработување е таков што недостигаат вработени во клучни сектори, а се преполнуваат со профили кои не се потребни, заклучи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.