Власта предлага преку Министерството за земјоделие, со Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште, дури и најплодната македонска почва, да може да се пренамени за изградба на фотонапонски централи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Земјоделското земјиште од трета и четврта класа ќе може да се пренамени во градежно, заради изградба на енергетски објекти во наменски зони, со измени во еден од членовите. Во Членот 51 исто така има и уште една голема измена, а тоа е, дека пасиштата како земјоделски површини, може да се пренаменат во градежни, наведувајќи дека и таму ќе се градат фотоцентрали. Додека во светот има недостиг на храна, додека храната во Македонија достигнува рекордни цени, власта сака да го уништи и тоа малку домашно производство што остана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Место владата да го поттикнува и помага домашното производство на храна, таа се обидува тоа да не постои, за функционерите на ДУИ и СДС и нивните блиски роднини, да приграбат уште некои милион плус во нивните џебови.
За ваквите деструктивни потези, кон сопствената држава и народ, ќе има одговорност, граѓаните да бидат сигурни во тоа“ – посочуваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.