Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва го промовираше претседателскиот кандидат, Бујар Османи. Конвенцијата се одржува во Спортско-рекреативниот центар (СРЦ) „Кале”, под мотото „Дојде време за првиот претседател Албанец“.

Присутни се претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и други високи партиски членови и функционери, меѓу кои Талат Џафери, Теута Арифи, Арбр Адеми, Артан Груби.

Според Државната изборна комисија (ДИК), Османи ги собра потребните 10 000 потписи од граѓаните заклучно со 26 февруари годинава. За него до 20 часот тој ден се потпишале 10 528 граѓани. Податоците на ДИК од 7 март до 20 часот покажуваат дека Османи има собрано 11.085 потписи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.