Демократската унија за интеграциии (ДУИ) денеска ќе се изјасни во однос на ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД. Министерот за финансии Фатмир Бесими, кој доаѓа од оваа партија, која е дел од владината коалиција, изјави дека од партијата ќе има став и изјава во однос на тоа.

И таму во однос на тоа во програмата е ветингот и воопшто во земјата ќе имате став од партијата, рече Бесими.

Тој не сакаше да одговори како тој гледа на оваа ситуција и ставањето на Мерко на црната листа.

Ме прашувате за политичко и за партиско прашање. Тоа ќе го добиете денеска во текот на денот од партијата, рече Бесими, кој беше на конференција во МАНУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.