Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека најновата анкета на „Евротинк“ за 2022 година и резултатите за корупцијата во Македонија и довербата во судството го потврдиле она што неколку години го говорат – дека власта предводена од СДС и ДУИ е најкорумпирана, а судството под директна команда на власта.

Над 71% од испитаниците истакнале дека власта лошо се справува со корупцијата, и дека истата е коренот на проблемот во државата.

Од партијата додаваат дека високи 51% дале најслаба оцена 1 за справувањето со корупцијата во државата, додека 20% ја оцениле власта со оцена 2. Само 3% од испитаниците на владата и дали оцена 5.

Скандалите на Генералните секретари на владата Рашковски и Зекири, случајот со Ден Дончев, случајот со проневерувањето со европските пари на Лидија Димова, како и случајот со Луи витон торбата, се само мал дел од илјадниците случаи со корупција и криминал на оваа неспособна власт на СДС и ДУИ.

 

На ова ако се додеде и довербата на граѓаните во судството и обвинителството во државата, јасно е дека државата ја водат криминалци.

 

Историски најниско ниво на доверба во судството од осамостојувањето на државата со само 6% јасно говори за спрегите на власта во правосудните органи. Огромни 82% од граѓаните немаат доверба во судските органи во државата.

 

Овие резултати се потврда и на претходните меѓународни анкети и извештаи каде што Македонија ја сместува на дното во справување со корупцијата и довербата кон судството.

 

Власта на СДС и ДУИ ја водат државата во амбисот. Покрај неспособноста со справување со енергетската и економската криза, граѓаните јасно говорат дека криминалот и корупцијата им е најгорлив проблем. За тоа потребни се превремени парламентарни избори за конечно да ги испратат во историјата криминалците од СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.