Според методологијата која си ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население, пренесува „Сакам да кажам“. До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција.
Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на Републиката Македонија.
Целата сторија на СДК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.