Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски откри нови детали за договорот со „Бектел и Енка“. Тој обасни дека се работи за план 11 од договорот што се однесува за бројот на работници и план за работа. Во него е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни.
Согласно договорот, од вкупниот број работници, 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Тоа значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци.
Денеска Николоски објавува уште детали од договорот на Владата со американската фирма „Бехтел и Енка“. Според објавеното странците во Македонија ќе работат без работни дозволи и дозволи за престој.
Како што можете да видите на првиот документ/графикон со црвена боја се странските работници! Огромна бројка, огромни средства ќе се одлеат надвор во услови на немаштија. Од вкупниот број работници САМО 30 отсто ќе бидат домашни, а ДУРИ 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци, пишува Николоски.
Николоски го објаснува и вториот документ што го објави.
Во вториот документ има два сегменти – точна бројка на странски и домашни работници кои ќе бидат ангажирани по години, како и уривањето на правната држава преку одобрението странци да работат без регулиран престој и почитување на законите. За странец да работи потребно е дозвола за престој и работна виза, само за работниците на автопатиштата на „ Бехтел и Енка “ ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. А тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што е можно некој што има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример. Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и по шест месеци, барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви безбедносни проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите, пишува тој.
Во договорот стои: „Согласно на Посебниот закон член 13 (1), на странските работници вработени во Проектот ќе им биде дозволено да започнат со работа на Проектот по аплицирање запотребните дозволи за престој и работа пред и додека се чека, постапката за издавање на дозволи за престој и работни дозволи да биде одобрена или одбиена.“.
Појасно кршење на закони од ова нема, заклучува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.