Специјалниот пратеник за односите со Бугарија Владо Бучковски веќе нема да ја извршува оваа функција. Тој вчера беше разрешен од страна на владата.
Како што дознаваме, со седницата на која Бучковски беше разрешен претседавал Артан Груби. Досегашниот премиер Зоран Заев не бил присутен. Како што самиот Бучковски потврди, Заев и Ковачевски само го информирале дека ќе биде сменет.
Вавкиот потег е зачудувачки ако се знае дека токму Заев беше главниот иницијатор Бучковски да биде назначен за специјален претставник во односите со Бугаријапред нецели две години.Тој е поранешен премиер и има добри односи со поранешни и сегашни власти во Софија.
Но за време на неговиот мандат тој наместо да ги штити македонските интереси повеќе се грижеше за бугарските.
Ќе остане запаметена онаа негова „славна“ изјава во стилот на Заев дека „Македонците постојат од 44-та, а Бугарите се постар народ“.
Неспорно е дека имаме заедничка историја, неспорно е дека бугарската нација, бугарскиот народ е создаден пред македонскиот. Неспорно е дека тоа е официјален став и на Бугарија, дека нема проблем со создавањето на македонската нација од 1944-та година-тврдеше Бучковски.
Со оваа изјава Бучковски го навлече гневот кај Македонците кои се прашуваа дали е наш преговарач или на Бугарија.
Револтот Бучковски го навлече и во интервју за бугарски „Дневник“ каде рече дека со Бугарија сме имале заедничка а не споделена историја. Исто така најави дека ќе се менуваат учебниците по историја, географија па дури и литературата. Тој исто така немаше ништо против Бугарите да бидат додадени во македонскиот Устав без да побара реципроцитет од страна на соседот.
Најчестите средби Бучковски ги имаше со поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захареива.
Тој во една прилика и премолчи на Захарева дека македонската нација и идентитет ја градиме на антибугарска основа.
По разрешувањето на Бучковски се очекува преговорите да ги водат новите премери Ковачевски и Петков со новиот пристап кој го најави Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.