Македонски Железници Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на „доброволен“ привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење.

Иако во законот не постои термин „доброволно“, потенцираат од Левица, кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука – на штета на работниците и јавниот интерес!

Како што сооопштија од партијата, до Левица пристигна реакција од вработените во МЖ ТРАНСПОРТ дека директорот Мајан Вејсели додека „штеди” на грбот на работниците, истовремено се луксузира за своите пулени вработени во ова претпријатие.

Директорот Вејсели си ги згрижил своите партиски луѓе во МЖ Транспорт со разни договори на дело, а кои воопшто и не одат на работа. Штетата која ја направил Вејсели на претпријатието е повеќе од еден милион денари месечно за овие вработување. Работниците се жалат дека откако на функција стапил Вејсели, повеќе не се исплатуваат надоместоци за починат член на семејството, прекувремени саати и други надоместоци. Повеќе од јасно е дека економската криза во Македонија не е увезена, туку истата е резултат на некомпетентноста и криминалите на владејачките ДУИ и СДС и нивните пајтон партии – кои го донесоа обичниот работник на раб на егзистенција, велат од Левица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.