Немаат сите делегации иста среќа да ги минат полициските барикади и да положат свеќе на гровот на македонскиот великан Гоце Делчев.

Делегацијата на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, заедно со пратеничката Даниела Колева и членката на Извршниот одбор, Ивона Кузмановиќ, веќе се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.

Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски револуционери, национален херој чие наследство го чуваме, го почитуваме и силно го промовираме.
Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократите.
Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава, е пораката од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски по повод 151 година од неговата смрт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.