Добротворен базар на социјални претпријатија ќе се одржи денеска во „Ист гејт мол“ со кој ќе се заокружи кампањата „Денови за донирање“.

На базарот ќе бидат поставени штандови каде што ќе може да се купат производи од социјални претпријатија, со што, како што велат организаторите, ќе им се помогне на оние на кои тоа им е најпотребно.

Во првата кампања „Денови за донирање“ се вклучиле 2000 граѓани, организации и компании.

Заеднички создаваме можности секој граѓанин и компанија да вложат во подобра иднина во нашата земја. На настанот присутните ќе имаат можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 12 социјални претпријатија, наведуваат УСАИД и Конект.

Настанот ќе може да се посети од 11 до 17 часот. Официјалното отворање ќе биде во 13 часот со обраќања на директорката на УСАИД во Република Македонија, Џери Дајбл, извршната директорка на Конект, Никица Кусиникова, и гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“, Огнен Јанески.

Ќе им оддадеме и признание на музичките ѕвезди, модните дизајнери, компаниите и донаторите коишто ја поддржаа кампањата „Денови за донирање“ и овозможија да го отпочнеме првиот Донаторски фонд во нашата земја, наведуваат организаторите на добротворниот базар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.