Непречено се одвива изборниот процес од првиот круг на претседателските избори во општините Дебар и Центар Жупа.

Според Рилинд Хаса претседател на ОИК-Дебар, до 9 часот правото на глас го искористиле 283 гласачи или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица, колку што се запишани во единствениот Избрачки список.

Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот гласале 80 граѓани или 1,9 отсто од вкупно запишаните 7.383 лица со право на глас.

Членови на двете општински изборни комисии вршат редовни обиколки на гласачките места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.