Според софискиот весник „Дневник“, француското претседателство со Европската Унија, на земјите-членки на Унијата им понудило формула за почеток на преговорите за членство на Македонија, којашто се чини дека ги задоволува условите на Бугарија за давање согласност и прекинување на ветото.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, француската формула предвидува преговарачкиот процес со Македонија да започне дури откако ќе се додадат измени во преамбулата на нејзиниот Устав, поврзани со „граѓаните кои живеат во државата кои се дел од други народи, вклучително и Бугарите“.

Како што пишува весникот „Дневник“ „само тогаш брзо ќе биде свикана првата меѓувладина конференција, со што ефективно ќе започне преговарачкиот процес за членство“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.