Директорката на Универзатската клиника за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова и дирекоторот на Клиниката за радиотерпаија и онкологија, д-р Никола Васев, поднеле оставки, на барање на министерот за здравство, Беким Сали, соопшти попладнево Министерството здравство.
Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Министерот Сали минатата недела изјави дека ќе бидат преземени соодветни мерки, односно ќе ги разрешат или казнат директорите доколку под нивно влијание се формирале платите во клиниките.
Неодамна, новинарот Фуркан Салиу објави видео и документ, на кој се гледа дека бруто-приходите на д-р Софијанова за септември 2022 година изнесуваат 353,449.00 денари или околу 5.000 евра. Според информациите што ги изнесе новинарот, д-р Софијанова земала повеќе пари за дежурствата отколку што ѝ е основната плата.
Ваквите информации ги деантираше Софијанова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.