Како да се забрза процесот на дигитализација на здравствениот систем во државата? Што е потребно, како да се зголемат и подобрат дигиталните услуги и како да се изврши вмрежување на сите податоци на едно место за пациентите. Ова беа дел од темите за кои денеска разговараа Стефан Андоновски, министерот за дигитализација и Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, директори на Фондот за здравствено осигурување.
Потребата од целосна дигитализација во овој сегмент е неопходна затоа што ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на здравствените услуги, ќе се намали административната работа на здравствените работници и секое медицинско лице ќе ги има сите потребни податоци за еден пациент. Системот може да биде надграден, ќе се нудат повеќе услуги и на тој начин ќе се забрза користењето на здравствените услуги и ќе се намали драстично можноста за корупција.
Приоритет е дигитализацијата, бидејќи само со дигитализација се зголемува транспарентноста и подобрува контролата во сите подрачја, од рецепти до лекување во странство. Отпорот што се јавувал кон дигитализацијата во сегментот во здравство е поради намалувањето на можноста за злоупотреби. Но сега има политичка волја тоа да се надмини“, објасни на состанокот Клековски.
За министерот Андоновски, овој принцип на работа со внесување на елементи на дигитализацијата е начин да се избегнат понатамошни злоупотреби, пациентите да ги добијат посакуваните услуги побрзо и подобро. Министерот Андоновски ја истакна и важноста за поврзување со Услуги.гов.мк.
Веќе се прави анализа на сите потребни надградби на системот и во следниот период ќе се започне со имплементација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.