Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат поранешните пратеници Илија Димовски и Гордан Георгиев, со кои разговаравме околу евентуалното повлекување на лидерот на ДУИ, Али Ахмети од партијата и колку тоа би било удар врз истата.
Според Димовски, Ахмети е несомнено умешен политичар, а тие најави одвреме навреме свесно доаѓаат од ДУИ.
„Мислам дека се уште е рано да ја разгледуваме опцијата што со ДУИ по Али Ахмети, мислам дека ДУИ има искуство, мудри политички игри внатре во себе всушност ние сите ги анализираме дека се внатре во себе, а воедно повеќе се насочени надвор… Некогаш се маркетинг трик, а некогаш се и балансирање на односите со двете поголеми политички партии“, вели Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.