Главниот проблем во овој мандатен состав на Собранието е што не постои Собранието, рече во вечерашната „24 анализа“ Илија Димовски поранешен пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Собранието нема одржано ниту една надзорна расправа за контрола на работата на владата и другите изврши органи. Дојдовме во ситуација да имаме тотално нефункционално Собрание. Тоа се должи на една политичка проценка и одлука во највисоките врвови на СДСМ и ДУИ, а тоа е да се намали и до максимум да се доведе и релевантност Собранието, иницирано од фактот дека мнозинството е премногу мало. Имаме очигледна тенденција за анулирање на значењето на Собранието и тоа создава притисок врз опозицијата, рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.