И после зошто 2% верба во судовите, коментира Богдан Илиевски на веста дека Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата со која политичката партија Левица бараше да се поништи Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели донесена од Комисијата за избор и именувања во Собранието.

Две работи:
1. Со ова спремаат терен и иницијативата за оцена на уставноста на изборот на Талат Џафери да биде оценета/отфрлена по ист начин, како индивидуален правен акт.
2. Судот (основниот) го осуди Трајко Вељановски за 27-ми април ОЦЕНУВАЈЌИ ја неговата работа како претседавач на конститутивната седница (демек, дал збор преку ред на Зекирија Ибраими пејачот на албанската химна, што Ибраими и други сведоци го негираа, а пејачот Зекирија воопшто не беше вклучен во обвинителниот акт, обвинителката не го повика ни како сведок – а според неа бил дел од „сценариото“).
Притоа Основен суд ОЦЕНУВАШЕ работа по деловник на Вељановски што НЕ МУ Е работа, а Уставен се иземал од оцена на уставност 🙂
И после зошто 2% верба во судовите…, пишува Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.