Илија Димовски, екс пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва кажа дека со прифаќање на францускиот предлог, Македонија прифатила бугарските услови да станат дел од критериумите за членство во ЕУ.

Димовски смета дека со тоа сега целиот фокус на светските политичари е кон Македонија, и дека не видел ниту еден политичар да оди во соседна Бугарија да врши притисок.

Дипломатскиот успех за македонските државни интереси би било кога би се балансирале интересите на Бугарија и Македонија кон овој процес. Со прифаќање на францускиот предлог, целосно ги прифативме бугарските услови да станат дел од критерумите за членство во ЕУ. Една година не сме чуле некој политичар во светот, отишол во Софија да врши било каков притисок, туку се е концентрирано тука, рече Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.