Румен Радев и Бојко Борисов денес го поддржаа францускиот предлог за Македонија…
Тоа значи дека овој катастрофално лош предлог ќе добие поддршка во бугарскиот парламент…
Веќе работата е чиста…
За да се стопира овој предлог, кој ќе значи затворање на европската перспектива на Македонија и отварање на нови негации на македонската нација, јазик и достоинство, единствено нашите државни органи може да постапат…
🟥🟥 Владата, итно, денес, да го одбие предлогот како недостоинствен и штетен за европската перспектива на Република Македонија…
🟥🟥 Доколку Владата превземала обврски спрема меѓународните партнери и не е во можност да го направи тоа, веднаш, без одлагање да побара Собранието да се произнесе и да го одбие овој предлог…
Доколку државните органи на Македонија не го направат тоа, веќе и формално ќе е јасно дека нашата држава се согласила на идната национална и државна катастрофа….
П.С. Доста со лажните изговори дека немаат предлог, не го знаат или дека не биле вклучени…, напиша на Фејсбук,Илија Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.