Ако мислиме само дека со промена на власта ќе си ја средиме дравата, грешиме, мора да го смениме системот, рече поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кој потврди дека се подготвува да се врати на политичка сцена, но рече дека во следниот период ќе открие повеќе околу тоа.

-Јас долго време јавно зборувам, не сум престанал да бидат активен. Никогаш не сум бил член на партија, сум работел речиси со сите и со сите сум се разишол, мислам дека е тоа здраво, кога човек верува дека се фатиле кривини многу е поздраво да се држи до своето убедување отколку да вика магарето лета – рече Димитров во вечерашното интервју за ТВ21.

Тој додаде дека за неколку недели ќе обзнани јавно во каква форма ќе биде неговото враќање.

-Јас во блиска иднина ќе обзнам на јавноста во каква форма ќе делувам. Не би можел сега тој план да го обазнанам. Тоа што можам да кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, дека работите не ни се добри во државата. Тој проблем нема да ни го реши друг. Можат да ни помогнат нашите пријатели од Брисел и Вашингтон. Политичките партии нема да се разбудат едно утро и да речат „малку претеравме можеби треба поинаку сега, подобро, на друг начин да ја водиме политиката“. Граѓанството ќе мора да ги натера тоа да го прават. Првиот чекор е да видиме колку граѓани има кои се незадоволни, што сакаат ред во оваа држава и што сакаат законот да важи еднакво за сите. Ќе има мегдан ќе ги кажам моите битки – рече тој.

Димитров додаде дека подолго време немал комуникација со поранешниот премиер, Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.