Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, му одговори на сегашниот, шеф на дипломатијата, Бујар Османи, кој јавно го прозва дека прифатил  бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи го името „Илинденско-Преображенско востание“.

Во продолжение реакцијата на Димитров ја пренесуваме во целост.

Навистина? Ама дали навистина?

 

На сите изнесени грижи и прашања, не само од мене, туку од целата домашна јавност, вие повторно со бгнес спинувања?

 

Чија пропаганда терате?

 

Мафтате со протокол потпишан во јуни 2019 кога НЕМА вето, туку црно на бело потврда на бугарската ПОДДРШКА на нашите евроинтеграции напишана во истиот документ.

 

Дали го разбирате воопшто контекстот и разликата што ова ја прави? Во тоа време, протоколот беше навистина билатерален, а се работеше без уцена.

 

Притоа, манипулирате за клучни делови од тој протокол, повторувајќи бугарска теза што очигледно ви е блиска: дека наводно сме преземале ОБВРСКА историчарите да ги надминат најделикатните теми во одреден рок, игнорирајќи ја клучната кованица во текстот – НАСТОЈУВАЊЕ да се постигнат реални резултати. Како што добро знаете, политиката може да охрабрува, да настојува, да прави добра атмосфера (како што тогаш имало), но не може и не смее да обврзе или да наметне решение врз комисијата за историски прашања.

 

Повеќето од членовите на комисијата се истите луѓе, слободно јавноста нека ги праша дали во мое време биле обврзани или притиснати за било што. Во тоа време тие навистина настојуваа да дојдат до резултати, се’ додека бугарската страна не почна да го минира процесот.

 

Понатаму, во македонската верзија на документот се разбира Илинденското востание е Илинденско востание и никако поинаку. Интересно што полесно сте нашле некоја бугарска верзија, отколку македонската. Мојот кабинет целиот фајл за прашањето со Бугарија го предаде на вашите луѓе. Зошто токму денес ви се губат документи од архива можеме да претпоставиме.

 

Во мое време, архивата на кабинетот и на министерството беше педантно водена.

 

Една лага не ви поминува, една!

 

Доста се бавите со мене!

 

Одговори чекаме.

 

Одговорете и реафирмирајте ги македонските позиции, па потоа слободно продолжете со личната опсесија. Одговорете и реафирмирајте ги македонските позиции, па сите хистерични веднаш ќе се упристоиме! – пишува Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.