Максим Димитриевски ја отфрли можноста за коалицирање и соработка со СДСМ на претстојните избори. Тој вели дека неговото движење знам сака да се профилира како самостоен политички субјект и затоа исклчува соработка со неговата поранешна партија.

Политичките аналитичари кои заземаат една или друга страна тврдат дека ќе бидеме спасители на СДСМ.Но не, ние ќе бидеме спасители на Македонија-уверува Димитриевски.

Тој за првпат откри дека неговата партија ќе има кандидат за претседател на државата и пратенички листи во сите изборни единици, но дали тој лично ќе се кандидира сѐ уште нема одлучено.

Во однос на тоа како ќе делува ЗНАМ  Димитриевски вели дека ќе бидат партијата од центарот но по однос на социјалните политики ќе делуваат левичарски.

Димитриевски смета дека државноста на Македонија е поткопана и граѓаните чуствуваат дека не се еднакви во сопствената држава.

Градоначалникот на Куманово смета дека е погрешен концептот што го фаворизираше поранешниот премиер Зоран Заев за мултиетничка држава но таква држава не постои никаде.Македонија треба да биде мултиетничко оштетство, но за жал сега креираме биетничка држава.

Тој ги посочува Крушевската Република и АСНОМ како едни од најважните по кои не смее да се чепка.

Нема да дозволиме да се гази по АСНОМ,граѓаните тоа го бараат.Државата и АСНОМ се погазени во целост-предупредува лидерот на ЗНАМ.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.