Истакнувајќи дека држвата се соочува со социо-економска и енергетска криза, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски потенцираше дека Македонија е можеби една од ретките земји во светот каде платите во воспитно-образовната дејност се многу под платите на полицијата.
Според него, тоа е недозволиво.
Не сакам да кажам дека платите на полициските службеници се големи, тие ги заслужуваат тие плати, но во секое демократско општество кое има амбиции да се развива првенствено платата на тие кои се во сегментот на образованието треба да биде над нивото на просечните плати и дополнителните плати во секторот на безбедноста, бидејќи сепак тоа се луѓето кои ги создаваат идните генерации, изјави градоначалникот Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.