Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа истакна дека без разлика што ја сака Европската Унија и сака да биде таму, најважно му е да биде Македонец, неговите деца, внуци и правнуци и идните наши генерации да бидат Македонци, со Македонски јазик, со македонско писмо, со наша историја што ни е пренесувана од нашите дедовци, од колено на колено, не само пишаната историја. И заедно да се почитуваат, бидејќи тоа се европските вредности.
Димитриевски информираше дека мора да ја чуваме македонската историја.
Куманово го имаат ослободено македонски и кумановски партизани со тогашните партизани кои учествувале во НОБ, а никогаш не го ослободиле бугарските војски, тоа јасно и едноставно му го објаснив на мојот другар и поранешен премиер Заев, бидејќи сметав дека тоа му беше лапсуз во интервјуто, како и многу други лапсузи кои ги направи, а не се извини на македонските граѓани да каже дека е грешка, а не дека верува во нешто такво“, рече Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.