Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, иницирал вонредна седница на Совет на Општина Куманово со предлог да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад по несреќата на железничката станица.

Градоначалникот на Куманово најави и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.

Градоначалникот на Општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочувство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Република Србија, соопшти Општина Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.