– Сакам да го видам мажот кој ќе го прифати ваквиот предлог и којшто всушност уште од самиот почеток ја губи борбата. Ќе ги има на една страна граѓаните, а на другата страна малата политичка елита. Барем до овој момент не видов ниту еден член од Владата којшто отворено се спротивстави на ваквиот предлог, изјави градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во Тема на денот во дневникот на Сител ТВ.
Димитриевски ги повика малите политички субјекти, владини коалициони партнери јавно да излезат и го кажат својот став дали со останувањето во владата даваат и поддршка на францускиот предлог.
– Сите молчат. Верувам дека во следниот период ќе излезе некој да се одважи, да каже спротивен став од премиерот по однос на ваквиот предлог, а од друга страна ни останува судбината да ја решат малите политички субјекти кои се владини коалициони партнери тие се на потег. Еве ги повикувам нека излезат јавно и нека се признесат јасно и гласно дали сакаат со останување во владата да дадат поддршка на еден ваков предлог којшто де факто е веќе поминат, истакна градоначалникот Димитриевски.
Тој дополни дека е вчудоневиден и од изјавата на претседателот Пендаровски, кој само 7 дена порано му порача на премиерот Ковачевски да не се оди во Брисел само да се слика, за да денеска го стави предлогот на маса пред највисокото тело со коешто тој раководи и едноставно да ги разгледаат и бранат потполно истите ставови, притоа убедувајќи не дека не задира во македонскиот национален и државен интерес, како и дека македонскиот јазик и македонската самобидност не се загрозени.
-Кој тоа ни дозволува и кој ни дава за право всушност ние да зборуваме за македонски јазик и нација, кога тоа е веќе втемелено во Уставот. Кој всушност ни гарантира дека доколку се прифати овој предлог, повторно нема да имаме нова пречка од страна на Бугарија бидејќи по дефолт не добиваме датум за преговори. Македонија е граѓанска држава и припаѓа на сите и Бугарите имаат право да бидат дел од Уставот, но спорно е што вие внесувате една група на граѓани која што всушност нивната матична држава не не признава како народ, нација и јазик, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.