Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кажа дека осудува секаков вид на насилство и непочитување на законите, но смета дека тоа е резултат на несредена и неправедна држава.

Најпрво, осудувам секаков вид на насилство, безредие и непочитување на законите.
Непочитување на законите е резултат на несредена, неорганизирана и неправедна држава.

Но сепак сакам да кажам неколку реченици што верувам дека секој МАКЕДОНЕЦ интимно ги чувствува:

1. Се отвара здружение на граѓани под име Ванчо Михајлов, квислинг, потврден фашистички соработник и човек кој отворено работел целиот негов живот против македонската самобитност и државност и тоа без никаква дозвола за отварање на здружението од официјални и надлежни институции а притоа надлежните во државата на чело со МВР молчат и мудро калкулираат.

2. Следува реакција на јавноста која што нормално е бурна, додека поединци од власта по молкот и привременото слепило од немај каде се јавуваат со наводни реакции но предходно добро избалансирани за да не им биде замерено од официјална Софија.

3. Подоцна откако ЛАМБЕ го сторил тоа што на секој Македонец му е во мислите како резултат на фрустрацијата во сопствената држава да ти ги величаат терористите и вашистите, помпезно и експедитивно се наоѓа сторителот на опожарувањето и тријумфалистички се елаборира професионалноста на службите.

4. Секоја чест на професионалците во МВР и Обвинителството кои што брзо и експедитивно ја завршиле работната задача, секој сторител треба да биде откриен и санкциониран.

ГО ПРАШУВАМ Министерот на МВР Спасовски.
1. Го откри ли сторителот за Пајакот кој што удри полицајка?
2. Го откри ли сторителот на каубојското пукање во Чаир?
3. Го откри ли сторителот на незаконската градба на споменикот во Слупчане?
4. Ги откри ли одговорните за пожарот во модуларната болница во Тетово? (или таму кабелот ќе остане виновен?)
5. Ги откри ли сторителите кои помогнаа во бегството на Груевски?
… уште многу прашања без одговори.

– Има ли еднакво правда за сите во државата?

– НЕ, НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР,

– ДЕНЕСКА СКОКНА ЛАМБЕ, УТРЕ ЌЕ СКОКНЕ НАРОДОТ! – Вие ќе бидете виновни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.