Овој клуб беше отворен со оваа намера, за да биде запален и искршен, вели директорот на ЦУК и претседател на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, кој смета дека мнозинството Македонци го оправдуваат палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михаилов“.

Овој клуб беше отворен со оваа намера, за да биде запален и искршен. Намерата од бугарските власти беше за да се запали. Изборот на контроверзна личност од старт е провокација. Ламбе како млад човек од негови познати причини го запалил. Името „Ванчо Михаилов“ е дел од нашата историја и еден од претседателите на ВМРО. Тој е претходник на Љубчо Георгиевски, ако ги броиме конгресите на ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да е контроверзен, тој е дел од нашата историја, рече Ангелов во вечерашната „Само вистина“.

Според него, ако не беше пејачот Ламбе Алабаковски, некој друг ќе наседнеше на провокацијата.

Штетата ќе беше поголема доколку не се дозволеше отворање на клубот под вакво име. Сега вината е индивидуална. Не би требало Алабаковски да постапи така. Го оправдувам неговиот револт, но не и начинот на кој реагирал. Ние сме држава и имаме механизми како да ги решиме овие крупни прашања, додаде Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.