Два дена еве како јавноста е вознемирена од тоа што се случува на Онкологија иако да не заборавиме уште пред две години ВМРО-ДПМНЕ даде некои информации по однос на некои такви случувања на клиниката за онкологија. Уште тогаш институциите требаше да постапат по однос на нашите реакции“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното гостување во „Интервју 24“ на Телевизија 24.

Таа додаде дека згрозени се сите, тоа е неспорно и дефинитивно институциите треба да постапат, овде треба сериозна кривична одговорност.

„Ова е уште еден доказ дека во државата никога не се реагира на време или да кажеме не до крај се испитуваат работите. Како резултат на тоа е тоа што ние пред две години сме кажале и никој не реагирал, во меѓувреме еден куп смртни случаи и можеби дел од нив ако не можеле да се спасат“, кажа Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека станува збор за многу сериозен случај каде институциите не само што треба да постапат туку за многу краток период треба да го решат случајот.

„Ние постојано зборуваме за корупција и криминал. Има корупција и криминал од различен тип, но ова е веќе нешто сериозно тука зборуваме за на некој начин убиства на луѓе. Ако не пристапувате или она што е лекарска обврска да ги спасуваат луѓето тука напротив спротивно на тоа работеле за тоа што дале заклетва“, вели Димитриеска Кочоска.

Таа потенцираше дека нема полошо нешто од тоа да се прават политички поени или да се кажува дали биле во право или криво кога станува збор за човечки животи.

Таа заклучи дека секој еден кој се огрешил пред законот треба да одговара кога станува збор за човечки животи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.