После распадната држава, нема што реформско, почнуваме да ја градиме од почеток. Предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е направена да ја градиме државата од почеток. Тоа значи дека, покрај економијата која што е клучна, клучно е да функционира правосудниот систем, затоа што без него не можеме да очекуваме економски резултати и луѓето ни се на прво место, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во нејзиното гостување на Телевизија 24 каде што ја објаснива предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ
Ако претходно имавме некој концепт кој што значеше постојано да се фаворизира или поттикнува потрошувачката, финалната и јавната потрошувачка, ние веќе се фокусираме на концептот фаворизирање или поддршка на инвестициите. Тоа е една од клучните работи. Сериозна борба со сива економија и сериозна борба со корупција и криминал. Тоа се клучни точки од кои што сме тргнати кога ја подготвувавме програмата“, рече Димитриеска Кочоска.
Во однос на едно од главните предизборни заложби на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно покачување на сите пензии во висина од пет илјади денари и во однос на коментарите дека тоа се многу пари кои што треба да се издвојат од буџетот, Димитриеска Кочоска, посочи дали до сега некој се запрашал колку изгубиле пензионерите додека се правеле пресметките по новите методологии кои ги применуваше актуелната влада.
Прво, колку беа украдени пензионерите во годините кога се менуваше методологијата, колку беа украдени, некој направи пресметка да види? Никој, тоа е првиот момент. Денес имаме пензионери кои што живеат со 13 и помалку 13 илјади денари пензија. Треба така да ги оставиме? Методологијата 10% раст на пензиите во процент, фер беше за оние со најниски пензии? Да ги оставиме во таква состојба во услови на толкава инфлација“, запраша Димитриеска Кочоска.
За нас, додаде таа, пет илјади денари е праведно решение за да може да ја исправиме неправдата која што е направена кон нив.
Во однос на сивата економија која што сега изнесува околу 35%, Димитриеска Кочоска истакна дека тоа е едно од столбовите во програмата и во економскиот дел од програмата, посочувајќи дека тоа е долг процес и дека секако дека не очекуваат таа да се намали на нула, но само да се намали на 20 отсто во буџетот ќе се обезбедат дополнителни над 700 милиони евра.
Само да намалиме и да стигнеме до 20% сива економија, ние ќе обезбедиме дополнителни 742 милиони евра за една година. Е сега, тоа што не сакаме да ја гледаме сивата економија и тоа што имаме на секој чекор тоа е друг проблем. Рековме, воведување на е-фактура веднаш. И во моментов работата и Светска банка и ММФ, ама никој немаше слух да го воведе тоа, тендерот подготвен седи година дена никој нејќе да го спроведе. Никој не сака да го спроведе затоа што електронската фактура ќе значи заштеда во повратот на ДДВ, бидејќи имаме фиктивни фактури на основ на кој што се исплаќа фиктивно поврат на ДДВ“, посочи Димитриеска Кочоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.