Денеска во Зрновци, заедно со градоначалникот Борчо Коцев и пратениците Миле Лефков и Зоран Коцевски, имавме повеќе теренски активности, напиша на својот фејсбук профил Гордана Димитриеска- Кочоска.

Увид во градежни активности и чистење на зафатот на Видовишка река. По соодветното уредување и доопремување, ќе започне изградба на нов резервоар со што ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето на локалното население во Видовиште.

Во наредниот период ќе се изврши инвестиција од околу 3 милиони денари во село Мородвис – изградба на брана зафат и изградба на каптаж. Потоа ќе се изгради и нов резервоар од 60 кубици со што ќе се реши проблемот со водоснабдување во селото Мородвис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.