Методологијата и условите за ажурирање на податоците во Избирачкиот список и евиденцијата на уставно загарантираното избирачко право е различна и нема никаква поврзаност со методологијата за попис на населението, што значи дека Избирачкиот список и пописот на населението се две различни категории регулирани според посебни законски критериуми, реагира денеска Државната изборна комисија, по како што пишува, информациите во одредени медиуми, а по официјалното објавување на резултатите од Пописот 2021 година.
Избирачкото право, нагласуваат од ДИК, е уставна категорија и е уставно загарантирано право. Согласно Уставот, секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.
Согласно уставната дефиниција за избирачкото право Изборниот законик предвидува дека право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во РСМ, оти избирачкиот список е јавна исправа во која се запишани граѓаните со избирачко право кој се води според Регистарот на државјаните, а во него се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на гласањето, кои имаат живеалиште на територијата на РСМ, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа, појаснуваат од Државната изборна комисија.
Од ДИК додаваат дека во Избирачкиот список се запишуваат и сите државјани на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, со живеалиште на територијата на Македонија и со важечка патна исправа. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во земјава.
Податоците за евиденција во Избирачкиот список, согласно Член 43 од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги добива од Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.