Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери не чувствува потреба да коментира одлуки на политичките партии кој ќе им биде кандидат на претстојните претседателски избори.

Не чувствувам јас потреба да коментирам одлуки на политичките партии така што непотребен би бил било каков коментар од моја страна, истакна Џафери во одговор на новинарско прашање за коментар за информацијата дека Арбен Таравари ќе биде еден од кандидатите за претседател на државата, при денешната посета на општина Липково.

Прашан дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на претстојните претседателски избори, Џафери рече дека за тоа новинарите треба да одат да прашаат во седиштето на партијата во Мала Речица.

Ќе одите до Речица и ќе седнете да разговарате со лидерот. Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не Демократската унија за интеграција, посочи Џафери.

За тврдењето дека не треба да се одржуваат промотивни настани како денешниот во градинката во Матејче откако се распишани изборите рече дека се уште не сме влезени во периодот кога тоа е ограничено.

Ќе треба да го прочитате малку подобро законот затоа што тој забранува 20 дена од почнување на официјалната кампања, а сѐ уште не сме во тие 20 дена пред почнување на кампањата имајќи предвид дека изборите се на 24, некаде на 4 април почнува официјалната кампања, 20 дена пред тоа, фактички не сме во тој период – одговори Џафери на забелешката дека 20 дена пред распишување на изборите не би требало да се одржуваат вакви настани и да не се трошат јавни пари за вакви настани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.