Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со крешење на Деловникот, одговорност ќе има. Талат Џафери во текот на целиот свој мандат ги толкува законските прописи на начин само нему разбирлив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нормативите се јасни. Џафери не можел да применува членови од Деливникот кои се однесуваат на измени на закон, кога станува збор за измени на Устав.

Џафери не смеел да ја прекине седницата, и морал да ги стави на гласање уставните измени.

Џафери го прекрши Деловникот само за да не се изрезили власта, а со тоа си стави уште едно кршење на процедурите околу врат.

Џафери знае дека во моментот кога ќе ги стави уставните измени на гласање тие ќе паднат и ќе нема друг избор освен да се распишат избори, од кои власта бега. Талат Џафери со бегството од ставање на гласање на уставни купува ден или месец повеќе власт за ДУИ и СДС, додаваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.