Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ.

На средбата беа потврдени блиските односи и севкупната развиена соработка меѓу двете земји. Воедно, беа разменети мислења за актуелните политички состојби во двете држави, при што премиерот Џафери го реафирмираше интересот на Македонија за стабилност, развој и просперитет на Босна и Херцеговина, како и заеднички успех во процесот на европската интеграција на двете земји и на регионот во целина.

Амбасадорот Јаќимовиќ ја искористи можноста и да му честита за изборот за претседател на Владата на Џафери и воедно изрази надеж дека досегашната плодна соработка со него како претседател на Собранието, ќе продолжи со ист интензитет и во новата функција, а во насока на натамошно развивање на билатералните односи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.