Неиспукан куршум бил оставен пред вратата на домот во кој живее градоначалникот на општина Гостивар и претседател на политичката партија Алијанса за Албанците. Од кабинетот на градоначалникот, за МИА потврдија дека случајот е пријавен во полиција и дека повеќе информации ќе има во текот на денот.

Куршумот кој најверојатно според калибарот и големината е за автоматска пушка (7,62мм) го пронашол Таравари кога утрово околу 8 часот излегувал за на работа.

Посединости се очекуваат и во изјава која најверојатно ќе ја соопшти преку официјалниот профил на социјалната мрежа Фејсбук и по увидот на СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.