Синдикатот на Филхармонија најави нов протест за денеска од 14 часот пред Владата бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот кој, како што наведува, е наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјава.
-Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но од Владата ниту одговорија на нашето барање, ниту, пак, се заложија за промена на штетната одлука. Вработените денеска ќе протестираат со инструменти, без разлика на временските услови, под шатори, кои ќе бидат поставени на улицата пред Владата, информира синдикатот.
Додава и дека протестите ќе продолжат „се додека државата не ја промени одлуката ’привремено’ да смести уште една институција во објектот на Филхармонија“. хс/са/
Фото: Синдикат на Филхармонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.