Претседателот на СОНК, Јаким Неделков утринава се огласи преку социјалните мрежи на денот на почетокот на генералниот штрајк.

Денес е денот „Д”, ден кога ја започнуваме синдикалната борба за остварување на своите социјални права, за себе, за семејството, за дејноста, за учениците и родителите, за општеството… Да бидеме храбри како што сме, сплотени и единствени и да стасаме што побрзо до посакуваната цел. „Со ука, наука и култура заедно сме во секоја бура”. Среќно, напиша Неделков на Фејсбук.

СОНК денеска започна со генерален штрајк во сите установи на национално ниво во дејностите детска заштита – градинки и во основните и средните училишта, со неизвршување на работните задачи на работното место, што според најавите ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.