Во Собранието денеска ќе се одржи 128-та седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.

Премиерот Димитар Ковачевски и министрите ќе одговараат на прашања на пратениците за актуелните теми во земјава. Се очекува во фокусот да биде она за што изминативе денови има меѓусебни обвинувања-измените во Кривичниот законик, за амнестијата, случајот „Онкологија“ и за економијата.

Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.

Почетокот на денешната седница е закажан за 11 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.