Демократскиот сојуз бара темелна истрага за причините за пожарот во кој изгоре Универзалната сала, еден од симболите на Скопје.

Тука во оваа сала се градеа илјадници музичари, актери, фолклористи и безброј други уметници, но негрижата на власта и лакомоста за провизии и пари ја изгореа истата.

Обидите за релативизирање на последиците од пожарот, дека истата е осигурана, дека металната конструкција е во ред итн,се само обиди за замаглување на одговорноста.

Демократскиот сојуз бара да се направи детална истрага и за тендерската постапка за избор на изведувачот на реконструкцијата на салата, потоа како е избрана фирмата која треба да врши надзор, колку се спроведувале заштитни мерки за превенција од пожар и друг вид на хаварии и слично.

Овој пожар само ја отслика неодговорноста и хаосот во државата во кој не внесе власта на СДСМ и ДУИ“, велат од Демократскиот сојуз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.