Освен што е еден од луѓето кои силно ја поддржуваа промената на уставното име на Република Македонија, Срево Пендаровски и самиот го променил своето име.

Со почетокот на предизборната кампања за Претседателските избори, на секој чекор може да се видат билборди на кои го има ликот на актуелниот претседател на државата под кој стои само кратко Стево.

Сепак, тоа не е неговотпо вистинско име, односно не е тоа име со кое е заведен во официјални документи од пред 20 години. Тогаш Стево Пендаровски се викал Стевчо Пендаровски.

Тоа го покажува објавата во Службен весник од 8 март 2004 година кога Пендаровски е именуван за претседател на ДИК, при што во документот јасно се гледа неговото име Стевчо.

Поради ова се поставува прашањето, дали Пендаровски официјално го сменил своето име во Стево или, пак, од некоја причина го крие или се срами од своето вистинско име па во јавноста се појавува со името Стево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.