Омилената и фаворизирана фирма на ДУИ, која воедно е и нивен донатор, „Арбериа дизајн“ беше одговорна и за свечената церемонија на која вчера се означи поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10-д.

На новинарско прашање дали може, конечно, да се знае колку чинела церемонијата на наплатната станица, колку пари ѝ се исплатени на компанијата „Арбериа дизајн“, дали имало повик или зделката била договорена во четири очи, Ковачевски не одговори, туку раскажа што правел во деновите пред настанот и дека – не бил овде.

Сите информации кои се однесуваат на монтажата на бината и тоа кој ја монтирал, ќе можете да ги добиете од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, кој е претседател на управувачкиот комитет за Kоридорот 8, рече тој.

Ова предизвика доста реакции во јавноста која прашува – кој е премиер Ковачевски или Груби?

Премиерот со одговор „не бев овде“ на прашањето – како „Арбериа дизајн“ ја добила организацијата на свеченоста за Kоридорот 8.
Го шетаат деловно неспособново да отвара поставена табла за делница која не е проектирана, не е извршена експропријација дур сите тие забави на Артан Груби ги плаќаме ние, без тендер, пошто не смее да има тендер ко ќе е Груби во прашање, коментира Божидар Божиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.