По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, делегации на ВМРО-ДПМНЕ, во црквата „Св. Спас“ во Скопје положија свежо цвеќе на споменикот во чест на Гоце Делчев.

На гробот на Гоце Делчев се поклони делегација на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, и генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.

Свежо цвеќе положи и делегација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Жаклина Пешевска, делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Сергеј Попов, делегација на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мане Јаковлевски, и делегација од советничката група на Град Скопје предводена од Марија Андоновска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.